Во Данска има двојно повеќе свињи од луѓе

Данска е единствена држава во која има повеќе свињи отколку луѓе – на секои 100 жители има 215 свињи.

361

Свињите се најбројна категорија на стока на европскиот пазар, а во Данска има речиси двојно повеќе свињи отколку луѓе, соопшти Евростат.

Статистичката агенција нагласува дека свињите, кои во Европа ги има околу 150 милиони, ги има многу повеќе отколку што има крави и бикови, кои се околу 89 милиони и втора најголема категорија стока.

Евростат наведува дека 40 отсто од вкупниот број свињи во ЕУ се во Шпанија и Германија, а има многу и во Франција, Данска, Холандија и Полска.

Данска е единствена држава во која има повеќе свињи отколку луѓе – на секои 100 жители има 215 свињи. Холандија е втора на листата со 70 свињи на 100 луѓе, во Шпанија 63 свињи доаѓаат на 100 луѓе, а по нив е Белгија каде односот е 54 спрема 100.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...