Во Бутел поинаков 8 март – бесплатни лекарски прегледи за жени

193

По повод 8-ми Март, општина Бутел денеска организира целодневна манифестација „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март“ чија цел е да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.

Доктори специјалисти ќе прегледаат над 200 жени од администрацијата и други жителки од општината. Направени ќе им бидат тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта,…

Ќе биде одржано и предавање за самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамографски прегледи на дојка, ПАП тестови,…

На манифестацијата обраќање ќе има градоначалникот Велимир Смилевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...