Еден градоначалник и уште 11 функционери се уапсени во Албанија поради илегална продажба на државно земјиште во близина на морето, соопшти Обвинителството.
Осомничените, меѓу кои и Фран Фрокај, градоначалник на Леж, се обвинети за злоупотреба на функцијата и фалсификување документи.
Тие подготвувале лажна документација за 300.000 квадратни метри државно земјиште и планирале да го продадат на фиктивни купувачи по симболична цена, тврди Обвинителството.
Плацевите покрај море имаат голема цена поради можноста за изградба на туристички комплекси и хотели.