Внимавајте на патот кон Крива Паланка, има свлечиште

299

На патниот правец Крива Паланка-с.Огут (Р-2245) поради свлечиште сообраќајот е во прекин. Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување на
свлечиштето и нормализација на сообраќајот.

На патниот правец Р 1308 Макази-г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в.
Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...