Внимавајте кај Тајмиште, има свлечиште и се вози по една лента

216
20130226 Tuesday 1428 Shtip Stip poplavi poplava

На магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево (по планинскиот премин Стража) кај селото Тајмиште поради свлечиште сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и тоа само за лесни возила, информира АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...