ВМРО-шпиунска ќе го „бомбардира“ Заев?

Административците лојални на Груевски подготвуваат контра-удар

5834

 

Високи претставници на првите ешалони на поранешната власт, особено од нејзините безбедносни структури, под координативно раководство на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, формирале некаква тајна Аналитичко-безбедносна мрежа, открива новинарот Сашо Орданоски во својата колумна за „Цивил Медиа“.

Тој тврди дека оваа технолошки добро опремена операција наводно се изведува без знаење на новото партиско раководство на чело со Христијан Мицкоски во кого старите кадри немаат доверба, а како што вели, главната цел на оваа мрежа е прибавување, а подоцна и објавување на дезавуирачки материјали за актуелната власт на СДСМ кои би можеле да го имаат истиот разорен ефект како и „бомбите на Заев“. Безбедносните експерти, пак, посочуваат дека ваквиот потег на опозицијата е нелегален и го разрушува системот на државата, а исто така откриваат дека во безбедносните кругови кружат гласини, но и сериозни индиции за тоа дека главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје претставува главната база во која секојдневно нелегално се слеваат лични информации на разни функционери од актуелната власт.

 

Целиот текст може да го прочитате во утрешниот број на „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...