ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од 35.000 амандмани

„ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти.

421

По денешната изјава на собранискиот спикер Талат Џафери, дека деновиве се надева на решение за Законот за јазиците и дека нема да се отвора дебата за 35.000 предложени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците, опозициската партија соопшти дека Собранието треба да го почитува Деловникот и Законот за Собрание и да ги разгледа предложените амандмани.

– На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи и ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици – велт од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека нивните позиции се јасни – не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура.

„ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти. Овие конструктивните барања за жал не наидоа на соодветен прием и заради тоа нашата пратеничката група предложи амандмани за да се корегира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за собрание и да ги разгледа предложените амандмани“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...