Насилството не е решение и ВМРО-ДПМНЕ осудува секаква примена на сила вклучувајќи го и вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот, Горан Милевски.
„ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, МВР мора да го открие сторителот.