Владиката Петар го повика Господ на помош за името

Јас мислам дека најмногу ќе ни помогнат браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии, додаде тој.

396
20151022 Thursday 1214 ohridska arhiepiskopija vladika petre

Господ да ни е на помош, зашто без Господа оваа татковина и нашата нација и црква нема да опстојат. Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен, рече митрополитот преспанско-пелагониски Петар вечерва на протестот против промена на името во Скопје.

– САС на МПЦ ги реафирмира своите досегашни непроменливи ставови и апелира до државните фактори да го зачуваат Уставот на РМ, да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија. Името наше македонско, дури и ние не го ставивме, Господ го ставил и во новиот и во стариот завет, повеќе од 30 пати е спомнато, од Свети Апостол Павле, а ги спомнува и Елините, односно Грците. Да се молиме за оние кои ја распнуваат Македонија и нас што нѐ распнуваат, Господ ќе им смени мислењето. Јас мислам дека најмногу ќе ни помогнат браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...