Владата во петок ќе ја објави точната бројка на администрацијата

305

Пребројувањето и анализата на состојбите во администрацијата заврши.
Во петок ќе бидат презентирани бројките и состојбата, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Новиот детален извештај за состојбата во администрацијата се најавува и подготвува подолго време по промената на власта.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, во неколу наврати досега реагираше за бркање на луѓе од работа и партизација на администрацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...