Нема правна пречка да се продаде мерцедесот, но за да се отфрли каква било можност обвинетите во случајот на СЈО да се спасат од одговорност, Владата одлучила да ја запре продажбата на мерцедесот, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
На мерцедесот е направено вештачење, тој засега ќе остане во депото на Службата за општи и заеднички работи.
Бошњаковски рече дека засега не се знае дали мерцедесот и понатаму ќе се користи за странски делегации, ќе се одлучело дополнително, но ниту досега ниту во иднина во него нема да се возат членови на Владата.
Пред да се премисли, Владата на претходните седници одлучи да го продаде на аукција со почетна цена од околу 240.000 евра.