Владата го утврди Предлог-законот за енергетика

Со Предлог-законот во делот на пазарот на топлинска енергија, се наметнува обврска на секој новоизграден објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија (калориметри).

349

Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за енергетика и донесе одлука тој да се достави до Собранието на усвојување.

Од владината прес-служба информираат дека целта на законот во прилог на либерализација на пазарот со енергенси, меѓу другото, е  да се поедностави учеството на трговците со електрична енергија и природен гас од други земји на пазарите во РМ преку регистрација во Регулаторната комисија за енергетика и да се овозможи пристап и приклучувањето на трети страни на системите за пренос и дистрибуција на енергија  што е целосно во согласност со барањата од директивите и регулативата на ЕУ.

Со Предлог-законот во делот на пазарот на топлинска енергија, се наметнува обврска на секој новоизграден објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија (калориметри).

Со новите предлог законски решенија се воведуваат нови мерки за финансиска поддршка за поттикнување на производството на обновливите извори на енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...