Влада: Kвалитетни и безбедни лекови oд паралелен увоз

441

Владата на денешната седница го утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, кој се однесува на одредбите во делот на паралелниот увоз на лекови.

– Овој предлог за ново законско решение има цел обезбедување сигурни, квалитетни и безбедни лекови за потребите на пациентите во Република Македонија од паралелен увоз, обезбедување на лесно достапни податоци за лекот на надворешното пакување за здравствените работници, како и пофункционално и поефикасно работење на Комисијата за цените на лековите – наведуваат од владината прес-служба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...