Влада: Еленовски отиде во НАТО поради искуството ВИДЕО

705

Владата го избрала Лазар Еленовски за специјален претставник за НАТО интеграции во Брисел, поради неговото искуство во оваа област, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

– Сметаме дека Еленовски, врз основа на искуството што го поседува, ќе придонесе во интегративниот процес на РМ во НАТО – рече владиниот портпарол.

Еленовски  како специјален претставник на Владата за НАТО интеграции во Брисел беше избран на вчерашната седница на Владата.

На седницата беа отповикани и неколку почесни конзули на Република Македонија – Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо.

– Владата ги отповика овие почесни конзули поради исклучителна неактивност – рече Бошњаковски.

Почесен конзул е функција за која лицата не добиваат никаков надомест од државата која ја престатвуваат. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...