Вкупно 68 лица загинаа во немири и пожар кои избувнале во келиите на полициска станица во централниот венецуелски град Валенсија.
Полицијата со солзавец ги растерала членовите на семејствата кои пред станицата чекале да дознаат што се случило.
Локалните власти не соопштија никакви информации за тоа што се случувало во станицата до доцна вечерта.
Обвинителството назначило четворица обвинители кои треба да разјаснат како точно се случиле трагичните настани во кои загинааа десетици лица, напиша на Твитер главниот обвинител Тарек Сааб.