Сите 32 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на руски транспортен авион во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се нагласува дека авионот од типот Ан-26 со 26 патници и шест членови на екипажот се урнал при слетување во руската воена база Хмејмим во Сирија.
„Според првичните информации причина за падот на авионот најверојатно се технички проблеми“, се наведува во соопштението, при што се додава дека врз леталото не бил отворен оган.