Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои функционер на ДУИ во интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
– Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи – истакна денеска Османи, одговарајќи на прашање зошто досега не е санкциониран нивниот член, кој упати закани кон претседателот на ЗНМ, Селмани.
Тој додаде дека ова го прават без никакво двоумење или заштита на било кој, вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија.
– Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така што немаме дилема во тој дел, – рече Османи и потенцира дека не смеат да ја преземат улогата на истражни органи за да можат да казнат некого.