Ветрот ја откри мистеријата за косата на Трамп

104

На фотогафија гледа дека Трамп влегува во претседателскиот авион, а ветрот што дувал ја открил ќелавата точка на главата на претседателот.

Косата на ниеден американски претседател не била толку во центарот на вниманието како онаа на Доналд Трамп. Додека едни зборуваат дека е во прашање перика, други дека намерно ја пречешлува косата и ги покрива ќелавите делови. Изгледа дека снимката што неодамна се појави, открива нова тајна.

На снимката што ја објави „Дејли мејл“ се гледа дека Трамп влегува во претседателскиот авион, а ветрот што дувал ја открил ќелавата точка на главата на претседателот. Праменот коса што го пречешлува на спротивната страна побегнал од „својот природен пат“, откривајќи дека Трамп нема коса на темето. Снимката, откога е поставена на Јутјуб, е прегледана повеќе од 100.000 пати.

Иако се поставувало прашањето дали снимката е вистинска, фотографиите на официјалните фотографи покажале дека е.

Корисниците на Твитер не се воздржувале од коментарите и како одвај да ја дочекале потврдата дека американскиот претседател многу се труди да скрие дека на одредени делови на главата веќе нема коса.

Долго време косата на Трамп беше предмет на забава и своевидна мистерија, која конечно е откриена.

Пред неколку месеци е откриено дека неговата ќерка Иванка Трамп наводно на пријателите им рекла дека Доналд имал трансплантација на косата. Тоа го напишал Мајкл Вулф во својата книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.

Трамп дури во текот на предизборната кампања гостувал и во емисијата на познатиот водител Џими Фелон и му дозволил да ја протрие неговата коса и да се увери дека е вистинска.

– На луѓето им е неверојатно, но, да, тоа е, всушност, мојата природна коса. Одвај се држи, но тоа е тоа – рекол Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...