Ветеринар го оштетил буџетот за 4.253.668 денари, МВР му пиша пријава

910

Ветеринар во подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Крива Паланка, со иницијали З.И., е осомничен дека со искористување на службената положба и неизвршување на службената должност од 2015 до 2017 година на тројца сопственици на одгледувалишта за говеда им овозможил противправна корист од 4.253.668 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РМ, информираат од МВР.

Против З.И (54) се поднесени кривични пријави за шест кривични дела, а пријави за „злоупотреба на службената положба и овластување“ има и за С.М (53) контролор во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој – Скопје, и Г.Г (39) доктор по ветеринарна медицина во „Ветеринарна станица со лабораторија за лабораториско– клинички испитувања Станојко и други“ доо Крива Паланка. Против сопствениците на одгледувалиштето на добитокот, Г.Ѓ (49), С.Ѓ.(74) и А.Ѓ. (22) е поднесена кривична пријава за „мачење животни“.

Според документираните сознанија од истрагата, З.И. иако знаел дека трите одлгедувалишта за говеда не ги исполнувале условите, согласно законите за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство и за безбедност на храната, сепак не презел мерки за отстарнување н недостатоците. Во одредени случаи кога вршел инспекциски надзор издавал записник и решенија за отстранување на неправилностите, но потоа не ја проверувал фактичата состојба на лице место, односно дали воопшто е постапено по решенијата издадени од него, ја запирал постапката на изјава, а во одредени случаи воопшто не издавал решенија со наложени мерки.

С.М. пак, во својство на контролор во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој – Скопје, и покрај тоа што констатирал недостатоци, не донел Решение со констатирани недостатоци и на тој начин му овозможил на Г.Ѓ да се стекне со противправна имотна корист од 190.400 денари, а по претходно поднесено Барање за директни плаќања од програмата за финансиска подршка во земјоделството. Исто така и Г.Г. во својство на службено лице – доктор по ветеринарна медицина во правното лице „Ветеринарна станица со лабораторија за лабораториско– клинички испитувања Станојко и други“ ДОО Крива Паланка, при земање на мостри за здравствена заштита на животните – (туберкулоза и бруцелоза) од одгледувалиштата на Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. за правното лице противправно прибавил корист во износ од околу 107.328 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија. Првопријавениот З.И. од своја страна ги потпишал изготвените фактури како да се уредни, иако според доставената документација за 2015, 2016 и 2017 година биле констатирани неправилности во одгледувалиштата.

Пријавените, Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ., пак, регистрирале одгледувалишта за крупен добиток и земале субвенции, но не ги обезбедиле основните услови за држење и одгледување на добитокот. Имено, тие необезбедиле основни услови за заштита и благосотојба на животните, како што се: избегнување на штетни влијанија на надворешни фактори од животната средина, необезбедиле секојдневно вода за напојување со соодветен квалитет, како и храна со соодветна хранлива вредност.
Покрај ова, тие како одгледувачи неoбезбедиле ни соодветни живеалишта и простор за сместување, како и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните. Токму поради таквите услови Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. овозможиле стоката неконтролирано да се движи по магистралниот пат Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и на тој начин го загрозувале патниот сообраќај доведувајќи ги во опасност учесниците во сообраќајот. Исто така, сточниот добиток неконтролирано и без надзор се движеле на подрачјето на неколку села и предизвикувале различни штети на месното население, кое во повеќе наврати пријавувало во Полициската станица Крива Паланка, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...