Венус подобра од Серена Вилијамс во сестринскиот дуел на Индијан Велс

120
EPA/ERIK S. LESSER

Постарата од сестрите Вилијамс, Венус ја совлада Серена во меч од 1/16финалето на ВТА турнирот во Индијан Велс, САД.

За нешто помалку од еден и пол час Венус го доби мечот со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Ова беше прв натпревар за Серена по паузата поради мајчинство.

Досегашниот резултат во меѓусебните дуели е 17:12 за Серена.

Во осминафиналето Венус Вилијамс ќе игра со Анастасија Севастова од Летонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...