Водостите, особено во западните делови на Македонија покажуваат понатамошно зголемување. Од УХМР информираат дека на реките Црна, Треска, Вардар се забележани тенденции на покачувања.
„Најновите информации од автоматските станици измерени во 21:00 часот покажуваат и понатаму високи водостои. На станицата во Јегуновце (р.Вардар) измерени се 214 cm и според наши согледувања соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата возводно и низводно очекувано е да има излевања на реката Вардар“, наведуваат во соопштението.
Поради појавата на високи водостои и излевања предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во делови од западна Македонија.