Утре засилен ветер и повисоки температури, а попладне пороен дожд

180
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Засилен ветер, кој повремено ќе надминува 80 километри на час и ќе услови транспорт на песок и прашина од северните делови на Африка најавуваат метеоролозите за утре.

Дневните  температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени. Кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни.

Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...