Евровизиската песна „Lost and found“ со која годинава групата ,,Ај Кју’’ ќе ја претстави земјава на 63. издание на Евровизија во Лисабон, Португалија, ќе биде промовирана утре ( недела) во Дневник 2 на МРТ во 19,30 часот.
Песната ќе биде промовирана со спот, чиј режисер е Јован Куциновски.
„Lost and found“ беше избрана по пат на конкурс, помеѓу 382 пристигнати песни.
Евровизијата ќе се одржува од 8 до 12 мај.