Даниел Пиљаковски, чие име стои на песните со сесксистичка и дискриминирачка содржина, од зборката позија издадена од Агенцијата за млади и спорт, одрекува дека е нивен автор, објави „еМагазин“.
„Денес бев запрепастен и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката на песни од страна на Агенција за млади и спорт. Крајно одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај, бидеќи ми се ствараат проблеми“, стои во реакцијата на Даниел Пиљаковски.