Украл пари и златен накит од два стана во Скопје

216

Во 16,40 часот вчера во Полициската станица Центар, Г.Ј. (41) пријавил дека истиот ден во време од 8 до 16,30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан ул. „Св. Кирил и Методиј“.

Сторителот влегол од заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на пријавителот и станот сопственост на Л.Ш. Потоа насилно ја отворил влезната врата од станот на пријавителот, влегол внатре и одзел пари, околу 500 евра и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Откако го напуштил станот се упатил во станот на Л.Ш., и одзел околу 12.000 евра и златен женски часовник по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...