УЈП: Уште 170.000 граѓани треба да пријават приходи

220

До крајниот рок за поднесување годишни даночни пријави, кој истекува во четврток следната недела (16 март), се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата за јавни приходи (УЈП), со поднесување годишна даночна пријава.

Како што информираат од УЈП, заклучно со вчерашниот ден се поднесени 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, 86.643.

Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, УЈП потсетува дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...