УЕФА ја поздрави одлуката на Судот во Грција со која беа осудени 58 лица поради скандалот со наместени натпревари.
Осудените, меѓу кои има и фудбалски функционери и менаџери на кубови, извршиле повеќе прекршоци како подмитување, нелегално обложување и перење на пари.
Иако некои се осудени и на десет години затвор, овие казни се суспендирани и никој не се наоѓа во притвор.
УЕФА соопшти дека им помогнала на грчките власти во истрагата преку анализи на сомнителни обложувања.
Повеќето од натпреварите кои се опфатени со истрагата се од втора лига.