Двајца турски државјани вчера се приведени на граничниот премин Деве Баир при обид за влез во Република Македонија поради сомнение за фалсификување на исправа – зелена карта.
Едниот, на возраст од 47-години, бил приведен вчера околу 8 часот и управувал товарно моторно возило со полуприколка. Другиот на возраст од 23 години, пак, возел „сканиа“ и е приведен пет часа подоцна.
Против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Крива Паланка.