Турски суд осуди на доживотен затвор 65 офицери од турските поморски сили во врска со обидот за државен удар во јули 2016 година, објави весникот „Милиет”.
Според весникот, 47 офицери на морнарицата ќе издржуваат доживотен затвор под строг режим, а 18 во заеднички режим.
Кон почетокот на март, турски обвинители побараа апсење на 154 лица, вклучувајќи офицери од морнарицата, наставници и синдикалци за наводни врски со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според турските власти стои зад обидот за државен удар во 2016 година.