До 15 март е рокот во кој самостојните вршители на дејност треба да поднесат годишни сметки во хартиена и електронска форма до Централниот регистар.
Ваква обврска имаат сите субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва. Покрај годишни сметки тие треба да поднесат и финансиски извештаи во електронска форма.
Централниот регистар за прием на годишните сметки во хартиена форма послениот ден од рокот на 15.03.2018 година ќе работи од 7 до 21 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 8 до 16 часот.
Во градовите каде што Централниот Регистар нема канцеларии, приемот на годишните сметки ќе биде од 8 до 16 часот со следниот распоред:
– Во Кратово приемот ќе се врши во просториите на Општина Кратово.
– Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ банка.
– Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар.