Цариник се степал во кафана на терминалот на граничниот премин Делчево

360

Во угостителски објект на царинскиот терминал на Граничниот премин Делчево Д.Г. (56) од село Звегор, Делчево и С.М.(48), цариник на терминалот, најпрво почнале вербална расправа, што подоцна преминала во физичка пресметка.

– Вчера околу 18 часот било пријавено дека во угостителски објект лоциран на царинскиот терминал на Граничен премин Делчево дошло до вербална расправија помеѓу Д.Г.(56) од с. Звегор, Делчево и С.М.(48), царинарник на терминалот на Царинската испостава – Делчево која прераснала во физичка пресметка, информира МВР.

Оттаму додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...