„Триста“ продолжи со испрашување на сведоци

151

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Триста“ на СЈО во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на кое беа сослушувани сведоците предложени од обвинителството.

Првите двајца сведоци кои биле вработени во МВР, а кои биле и членови или индиректно вклучени како стручни лица во Комисијата за набавка возилата ја појаснуваа процедурата околу набавката. Тие како и сведоците од претходното рочиште, меѓу другото појаснија дека набавката била поделена на три лота, а објаснуваа и за тоа што се барало, односно кои биле карактеристиките на возилата и за кои потреби во МВР се набавувале.

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...