Менаџерот Мино Рајола го договори трансферот на Тричковски во екипта на ЦО на ВМРО-ДПМНЕ. Вредноста на операцијата е тајна, но се зборува дека познатиот центарфор ќе има 100.000 евра неделна плата, плус бонуси.
Екипата на Мицковски, како што е познато, се бори за опстанок во првата партиско-политичка лига и мораше да ги засили своите редови со добар напаѓач. Остануваат уште медицинските прегледи.
Ако докторите потврдат дека Тричковски е луд, тој дефинитивно ќе може да и се приклучи на екипата на вмроните. Право на настап ќе има на првите наредни избори.
(статус на Фејсбук на Бранко Тричковски)