Светската автомобилистичка федерација од 2019 година во календарот на Формула 1 шампионатот ќе ги вклучи трките во Виетнам, Аргентина и Мајами, објави германски „Авто Мотор унд Шпорт“.
Почетокот во Виетнам ќе биде на улиците на Ханој, истото важи и за Мајами, САД. За Аргентина, ќе се користи старата писта кај Буенос Аирес. Исто така, се тврди дека првите две се веќе речиси целосно договорени.
Аргентина се уште не е сигурна дали ќе може да се справи со финансирањето на потребните поправки за назначената писта.
Поранешниот сопственик на Ф1, Берни Еклстон, изјави дека работел на договор за Виетнам пред неколку години и дека цената би била 64 милиони долари.