Пливачите на клубот Бета викендот имаа настап на меѓународните пливачки натпревари „Ниобеиа“ во Солун, Грција и „Сараево со љубов“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Ана Јаневска постави нов апсолутен и младински рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 29,16 секунди со што го освои третото место и бронзениот медал на трка во Солун.
Два медала освои Љупчо Ангеловски по второто место во дисциплината 50 метри слободно и прво место во дисциплината 50 метри делфин на турнирот во Сараево.