Трет случај за манијачење во Штип

Маж на 17- годишно девојче додека излегувало од влезот на зградата и се соблукувал гол и ги покажувал гениталиите.

249

Полицијата осомничи едно лице за третиот случај на манијачење во Штип, а кој се случи вчера попладне пред станбена зграда во близина на крстосницата Дујле. Маж на 17-годишно девојче додека излегувало од влезот на зградата и се соблукувал гол и ги покажувал гениталиите. Девојчето успеало да избега, по што заедно со своите родители го пријавиле во полиција.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека работат на расчистување на овој трет случај на манијачење во Штип. Претходно вакви случаи имаше пред штипскиот интернат и на улица пред едно од штипските средни училишта.

 

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека работат на расчистување на овој трет случај на манијачење во Штип. Претходно вакви случаи имаше пред штипскиот интернат и на улица пред едно од штипските средни училишта.

Портпаролот на Основниот суд во Штип, а воедно и судија кривичар, Сашко Ѓеоргиев вели дека казните за ваквите кривични „задоволување на полови страсти пред друго лице# се доколку делото е извршено пред возрасно лице казната затвор е една година, пред лице кое наполнило 14 години е од три до осум години затвор, а пред лице кое не наполнило 14 години минималната казна е четири години, а максималната и до 20 години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...