Тренерот на Динамо Загреб поднесе оставка

298

Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ поднесе оставка по пораз од Локомотива со 1:4, што воедно е трет пораз за „модрите“ во последните четири натпревари.

Одлуката Цвитановиќ прво ја соопштил во соблекувалната, а потоа на прес-конференција.

– За мене ова е најтежок ден не само во мојата кариера, туку во мојот живот. Денеска се случи кулминацијата на емотивната истрошеност и празнина кај играчите, истакна Цвитановиќ.

Од Динамо соопштија дека наскоро ќе ги информират медиумите околу одлуката за именување нов тренер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...