Трамп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон

На местото на Тилерсон е именуван шефот на ЦИА, Мајкл Помпео, а на чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, досегашен заменик директор, која е прва жена на врвот на оваа организација.

474

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени државниот секретар Рекс Тилерсон. На местото на Тилерсон е именуван шефот на ЦИА, Мајкл Помпео.

Смената во тимот на Трамп се случува пред почетокот на преговорите со Северна Кореја.

На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, досегашен заменик директор.

– Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...