Маж на возраст од 62 години загинал превртувајќи се со трактор додека работел на нива во селото Мокрино кај Ново Село.
Несреќата била пријавена во полиција синоќа околу полноќ.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Струмица.