Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дневните температури од 10 до 20 степени целзиусови.
Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд. Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.