Тојота во целост се откажува од дизел

Тојота не планира да развива нови дизел технологии за патнички автомобили и дека нивниот фокус ќе бидат хибридни возила.

435
EVERETT KENNEDY BROWN

Јапонскикот автомобилски гигант Тојота најави целосен прекин на продажбата на дизел автомобили во Европа веќе од оваа година.

– Во 2018 година во нашите патнички автомобили ќе биде укинат дизелот – изјави Јохан ван Зил, прв човек на Тојота за Европа.

Тој објасни дека Тојота не планира да развива нови дизел технологии за патнички автомобили и дека нивниот фокус ќе бидат хибридни возила.

Европски престолнини како Париз најавија забрана за дизел автомобили, а Врховниот германски суд отвори пат за сите кои сакаат да забранат стари дизелаши на своите улици. 

 

Фото: EPA/EVERETT KENNEDY BROWN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...