„Тоа на М“ не е за криминалци

1089

„Тоа на М“ што го купи поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владата ќе го продава на јавна аукција што ќе се одржи  на 16 март 2018 година преку интернет страницата на Министерството за финасии.

Проценетата вредност на возилото изнесува 14.372.208 денари (233.694 евра), а од денеска тече рокот од 10 дена во кој сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица може да се пријават за учество на аукцијата. Заинтересираните „мерцедесот“ ќе може да го видат во живо на 7 март во гаражата на МРТВ.

Од Владата објаснија дека на располагање има други две блендирани возила што може да се користат за пречек на странски делегации.

Како што денеска појасни директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, граѓаните кои ќе учествуваат на аукијата мора да бидат деловно способни, да не им е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари и да ги имаат платено сите даноци и придонеси кон државата. Фирмите, пак, треба  да достават и тековна состојба, како и потврда дека не им е изречена казна за привремена или трајна забрана за вршење на дејност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...