Тинејџер застрелан откако пукаше во ученици во средно училиште во САД

Двајца ученици се повредени во пукотница. Од почетокот на годината во САД се регистрирани 16 пукотници во училишта.

416

Во вооружениот инцидент во средно училиште во градот Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд, загинаа едно лице, а две се повредени, изјави претставник на гимназијата.

Во пукотницата загина напаѓачот, а двајцата повредени се во тешка здраствена состојба.

Според шерифот Тим Камерон, напаѓачот влегол во учичиштето и прво пукал врз една ученичка, а потоа врз уште еден ученик. Во тој момент припадник на обезбедувањето отворил оган врз напаѓачот и  го усмртил. И напаѓачот бил ученик во гимназијата.

Во средното училиште „Грејт Милс“, што се наоѓа 70 километри од Вашингтон,  учат околу 1.600 деца.

Локалните власти соопштија дека состојбата во училиштето е под контрола, а учениците се префрлени во друга училиште. Во другите училишта не е прекината наставата.

Инцидентот се случи за помалку од еден месец откако во вооружен напад во средно училиште во Флорида загинаа 17 лица.

Од почетокот на годината во САД се регистрирани 16 пукотници во училишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...