Тимоние: Виси препораката за ЕУ поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците

2261

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека вчерашните инциденти во македонското Собрание не се глетка од парламент на европска држава.

– Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ, само не глетка од еден парламент на европска држава. Во период кога земјите членки на ЕУ треба да се произнесат за препораката за преговори, посебно за условеноста на препораката, ќе се постави прашањето дали агендата на Прибе ќе биде брзо усвоена и формално ќе се отвори и прашањето за почитување на Копенхашките критериуми. Европската унија може да интегрира само функционални демократии – вели Тимоние.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан уште во ноември лани кажа дека Законот за употреба на јазиците не е релевантен за добивање препорака и оти власта треба да се фокусира на поприоритетни закони.

Извештајот за напредокот на Македонија за членство во Европската унија ќе биде објавен на 17 април, а во јуни се очекува одлуката дали Македонија ќе добие препорака за почеток на преговорите и каква ќе биде таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...