Тилерсон: Трамп се согласи за средба поради промена на ставовите на Ким

212

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека драматичнaта и изненадувачка промена на ставот на Ким Џонг Ун предизвикала американскиот претседател Доналд Трамп да се согласи на состанок со северокорејскиот лидер.

Тилерсон вели дека САД се изненадени колку Ким бил за напредок во разговорите со јужнокорејската делегација.

Тој оцени дека се најсилни пораки на Ким „не само воља туку навистина желба за разговори“.

Тилерсон нагласува дека Трамп сам донел одлука да има состанок со севернокорејскиот лидер откако утврдил дека е вистинско време за разговори, но и не и за официјални преговори. Тој додаде дека ќе бидат потребни неколку недели за да се договори состанок на двајцата лидери.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го повика американскиот претседател Доналд Трамп на состанок, а Трамп рече дека ја прифаќа поканата што претставува пресврт без преседан во односите меѓу двете држави.

Јужнокорејќи официјални лица во Вашингтон кои објавија дека двајцата лидери може да имаат средба веќе во мај усмено ја пренеле пораката на Ким до Трамп и нагласиле дека севернокорејскиот лидер е „посветен за денуклерализација“.

Пјонгјанг се уште нема издадено никакво официјално соопштение за актуелниот развој на случувањата. Трамп на Твитер напиша дека ќе има средба со Ким до мај.

Според Трамп, пак, постигнат е голем напредок со Северна Кореја, но санкциите против неа ќе останат до склучување на договор.

– Ким Џонг-ун зборувал за денуклеаризација со јужнокорејските претставници, не само за замрзнување на своите програми за нуклеарно оружје. Исто така, без ракетни проби на Северна Кореја во овој временски период. Постигнат е голем напредок, на санкциите ќе останат додека не се постигне договор. Средбата се планира – напиша Трамп на Твитер.

Ниту еден американски претседател никогаш немал средба со лидер на Северна Кореја.

САД и Северна Кореја немаат дури ни формални дипломатски односи.

Официјален Пекинг денеска соопшти дека ги поздравува сигналите од Вашингтон и Пјонгјанг за средба на двајцата лидери Доналд Трамп и Ким Џонг Ун. Ставот на Кина го изнесе потпаролот на кинеското МНР Генг Шуанг на прес-конференција.

Министерот за надворешни работи за Русија, Сергеј Лавров ја поздрави денеска веста за планиран состанок на американскиот претседател и северокорејскиот лидер Лавров, кој се наоѓа во посета на Адис Абеба истакна дека тоа е „чекор во вистинска насока“.

Тој изрази очекување дека договорот ќе се примени бидејќи според него „тоа е неопходно за нормализација на ситуацијата на корејскиот полуостров.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џaе-ин изрази уверување дека средбата на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја ќе претствува почеток на ослободувањето на Корејскиот полуостров од нуклеарно оружје. Според портпарол на претседателството во Сеул, Мун им се заблагодарил на Трамп и лидерот на Северна Кореја за нивната „тешка одлука“ да се сретнат.

Премиерот на Јапонија, пак, Шиндзо Абе веднаш по објавата за средбата телефонски разговарал со Трамп, при што било потврдено дека меѓународната заедница треба да продолжи да врши максимален притисок врз Северна Кореја.

Во изјава во Токио, Абе изрази надеж дека најрано следниот месец ќе може да ги посети САД каде со Трамп ќе разговара за Северна Кореја и други прашања.

– Ја поздравуваме промената во ставот на Северна Кореја – истакна јапонскиот премиер по повод сигналите дека Пјонгјанг е подготвен да разговара за условите под кои би се откажал од своето нуклеарно оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...