Осумнаесетгодишна девојка од Тетово вчера била киднапирана од 38-годишен тетовец кој ја грабнал од нејзиниот дом, а нејзината мајка физички ја нападнал.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот во полиција е пријавен од мајката Ф.С. според која 38-годишниот Д.К. околу 19 часот дошол во нивниот дом и насила ја грабнал ќерка и. Кога мајката се обидела да му се спротистави, тој ја удрил двапати по главата и насила ја внел нејзината ќерка во возилото и ја однел кај него дома.
Кратко потоа, полицијата ги пронашла двајцата и ги однела во полициската станица во Тетово.