Tetova erga omnes

Ќе ми објасни некој у државава како се вика градов? Или живим у TETOVA ERGA OMNES?

9744
Ка класичен тетоец гагаџија, га послушав жена ми да идем да го гледам Медена Земја у рамќете на Тетовсќиот Интернационален филмски фестивал. Си викам, ај беспаре је и да видим што снимил Самир Љума, зш Самир је мое дете. И боље да не отидов…

Само што влеговмо, бевмо меѓу првите,  ја викам, жено, да упикамо убоо место и идем на најубајте места. Што ќе видим, пишуе REZREVUAR и одма седнуем. Еве викам, жено, резевоар за људи сефте гледам ама вероватно и тоа постои. Таја ме м’кне, ајде вика не прај инциденти, демек знаела албански појќе од мене (уште се немам опулено накај бина) и опаааа, доаѓа еден дечко и ми вика, господине овде је резервирано (демек). Се вртим да видим ал је туе тој со камерата што врши контрола за употреба на језици у државава … го нема … па му викам, види момак овде ја читам “резевоар”, го третирам ка за људи и не стануем. Кај ќе напишете и мие што смо малцинство у сопствената држава да разберемо (уште се немам опулено накај бина) тогај може и ќе станем. Беше држ не дај, ама си го истерав по свое. Жена ми га гледам ка тредафиљ поцрвенета, ме тепа по ребра и ми обеќава дека више нигде не ме носи (смајли).

И се опуљуем ја накеј бина и што ќе видим, со големи букве пишуе

TETOVA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL.

Алооооооооооо, што је ова? Пошто колку толку албански знаем, си преведуем Тетовски интернационален филмски фестивал на албански, тоа му доаѓа Festivali nderkombetar I filmit ne Tetove (на свекое “е” треба да има две точќе одозгора), што значи, ова је на енглески и овде некој ми го сменил топонимот…

Ало бе жено, викам, кеј је овја со камерата за употреба (рамноправна) на језици, па овде је сменет топонимот. Ај да има на македонски (Тетово), на албански (Tetova) и енглески (Tetovo), па да разберем, ама ова је на енглески само и пишуе  Тетова.

Ни филм видов ни бутур… Или сум у грешка, а? Ќе ми објасни некој у државава како се вика градов? Или живим у TETOVA ERGA OMNES?

Ај кој беше Тетовско културно лето? разбрав дека сум матине народ. Да објасним, македонски се поеше само кеј 5 саат поручек, а албански у прајм тајм, ама дека живим у Тетова, е тоа сега разбрав…

И заврши филмот и се натопорчија мушко и женско, демек го затворале фестивалот? па да кажа по некој лаф. Почна мушкото на албански “нормално” и – еве га неестава да преведе на македонски. СТРАШНО! Ка еден што има што преведуе на собраниски канал. Туљумба, бакљава и љисица… Алоооооооо, па малу бе поштовање, ејјјјјј, па што не зедовте некој нормално да ми препрочита на македонски, ваљда сте имале 200 денара да го платите и да нè испоштуете…

Е више не можев, излегов и си дадов БЕСА дека никоаш не идем у Центар за култура (Иљо Антески Смок никој не го вика), ионака се осеќам бедно како национално малцинсто у сопствената држава, за кого никој не води есап.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...