Двајца вработени во владината пералница за автомобили се степале вчера, дознаваме неофицијално, а настанот го потврди и МВР во денешниот билтен.
Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во подрумските простории на Влада на Република Македонија, во пералните, М.Д. (34) и А.Н.(40), вработени во пералната односно во СОЗР, по меѓусебна вербална расправија физички се пресметале.
Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.