Теодоракис: Ќе се сретнам со Ципрас и нема да влезам во Владата

Оваа средба, како што објави МИА во саботата, во грчките медиуми донесе и неколку сценарија, меѓу кои и она дека грчкиот премиер бара нови потенцијални коалициски партнери, на местото на Панос Каменос.

632

И ќе се сретнам со Ципрас и нема да влезам во Владата, е одговорот, преку Твитер на лидерот на партијата Река, на сценаријата во грчките медиуми во пресрет на неговата средба со грчкиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, по доставениот предлог, во декември 2016, од партијата Река за формирање Совет за национална безбедност и позитивниот одговор од грчкиот премиер, како што беше најавено, денеска Алексис Ципрас ќе се сретне со Ставрос Теодоракис.

Оваа средба, како што објави МИА во саботата, во грчките медиуми донесе и неколку сценарија, меѓу кои и она дека грчкиот премиер бара нови потенцијални коалициски партнери, на местото на Панос Каменос.

На само пет часа пред посетата на премиерската палата, Ставрос Теодоракис, излезе со коментар преку неговиот твитер профил.

-Значи. И ќе се сретнам со Ципрас и нема да влезам во Владата. Толку е тешко некои да ги поврзат тие работи во нивниот ум? Луѓе, освен личните или партиските игри, постои и татковината. А случувањата нема да не чекаат – напиша Ставрос Теодоракис на Твитер.

Грчките медиуми, откако беше потврдена средбата, коментираа дека Ципрас е во потрага по нови сојузници за националните прашања, по јазот што веќе е очигледен со коалициониот партнер Независни Грци, како во однос на спорот со името, и различната позиција на Панос Каменос, така и во однос на уапсените грчки војници во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...