Победничката на Мастерсот во Мајами, Слоан Стивенс влезе меѓу десетте најдобри тенисерки на ВТА ранг листата. Таа се наоѓа на деветтата позиција со 3.938 бода што претставува скок од три позиции.
Води Симона Халеп од Романија со 8.140 бода , пред Каролине Вознијацки од Данска со 6.790 и Гарбине Мугуруза од Шпанија со 5.970 бода.
Во ТОП 10 се и: Елина Свитолина, Јелена Остапенко, Каролина Плискова, Карлоние Гарсија, Венус Вилијамс и Петра Квитова.